Привршува реконструкцијата на делницата Скопје-Велес

Bez autora
Sep 03 2012

Завршени се 65 отсто од планираните работи, а до ноември ќе завршат градежните работите, рече министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, при увидот во градежните работи на делницата Катланово - Велес. Ноември е крајниот рок кога целосно треба да заврши реконструкцијата и ревитализацијата на делницата од Скопје до Велес, а во наредните четири година целосно ќе биде обновен и доизграден коридорот 10. Тогаш ќе бидат исполнети сите услови кои треба да ги има еден современ автопат. Тој заедно си директорот на Агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски, во понеделникот беше во контрола на самата делница за да видат како се одвиваат градежните работи на автопатот Скопје-Велес. Заклучокот од теренот е дека околу 65 посто од планираната реконструкција веќе е завршена.

Привршува реконструкцијата на делницата Скопје-ВелесЗавршени се 65 отсто од планираните работи, а до ноември ќе завршат градежните работите, рече министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, при увидот во градежните работи на делницата Катланово - Велес.

„Ноември е крајниот рок кога целосно треба да заврши реконструкцијата и ревитализацијата на делницата од Скопје до Велес, а во наредните четири година целосно ќе биде обновен и доизграден коридорот 10. Тогаш ќе бидат исполнети сите услови кои треба да ги има еден современ автопат", рече министерот за транспорт и врски Јанакиески, пренесува, јави Лисица.

Тој заедно си директорот на Агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски, во понеделникот беше во контрола на самата делница за да видат како се одвиваат градежните работи на автопатот Скопје-Велес. Заклучокот од теренот е дека околу 65 посто од планираната реконструкција веќе е завршена .

„Станува збор за инвестиција од околу 7,5 милиони евра со која драстично се подобрува делот на автопатот од Скопје до Велес, посебно асфалтната подлога која не беше во добра состојба. Добро е што во текот на работите за реконструкција ќе се отстранат и 10 проблематични косини со што во иднина нема да има поголеми одрони на камења", рече Јанакиески.

Тој потврди дека Владата планира до крајот на 2015 година целосно да се реконструира коридорот 10, односно сите делови што претходно се изградени, вклучувајќи ги и 13 мостови. Наредната година според планираното ќе започне реконструкција и на автопатот од Велес кон Скопје.

Според директорот на Агенцијата за државни патишта Георгиевски, за реконструкција на делницата Велес Скопје потребни се 8 милиони евра. Овие средства Георгиевски вели дека ќе се обезбедат преку ИПА фондовите на Европската унија.

„Се надевам дека до крајот на годинава ќе добиеме потврда од Европската комисија дека проектот е одобрен за во рок од девет месеци да се изврши избор на изведувач и да се почне со градба", рече Георгиевски.

Тој посочи дека дел од комплетната реконструкција на патниот правец од Скопје до Велес и обратно ќе биде и подобрувањето на безбедносната состојба на тунелите.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik